Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Каква трансформација: Бриен од „Игра на тронови“ блесна на црвениот килим
Британската актерка Гвендолин Кристи блесна на црвениот килим на премиерното прикажување на последната сезона од мегапопуларната серија „Игра на тронови“.
Ѕвездите од, според многумина, најголемото ТВ-шоу воопшто прикажано на малите екрани продефилираа на гала-настанот во Њујорк, а славната Кристи висока 191 сантиметар дефинитивно го украде шоуто во креација за која уште долго ќе се зборува.
Фото: Гардијан