(ФОТО) Камила носи позајмена чанта од Меган

Добивај вести на Viber

Камила Паркер Боулс, сопругата на англискиот принц Чарлс се појави на еден настан во Лондон носејќи иста чанта како Меган Маркл, минатата година во Кардиф. 

Станува збор за чантата од брендот Демелие која чини околу 340 евра, а британските медиуми веднаш се запрашаа дали Меган ѝ ја позајмила чантата на својата свекрва. Камила инаку носи многу потрадиционални брендови од овој, и од таму претпоставката дека чантата не е купена, туку е на Меган. 

Во последно време најмногу се зборува за тоа дека сопругата на Хари наводно има проблеми со прилагодувањето со правилата со кралското семејство, и дека не е во добри односи со останатите членови.