(ФОТО) Кејт и Меган облечени како близначки
Кејт Мидлтон и Меган Маркл присуствуваа на обележувањето на Денот на сеќавањето на жртвите од Првата светска војна. Двете војвотки со членовите на кралското семејство се собраа пред меморијалниот споменик во Лондон и положија цвеќе.
Она што го привлече вниманието на јавноста беше стилот на Меган и на Кејт, тие изгледаа како да сестри близначки. Иако церемонијата ја следеле од одвоени балкони, Кејт со кралицата Елизабета а Меган со првата дама на Германија, тоа не ги спречи слично да се облечат.
Меган Маркл за многу кусо време се стекна со титулата модна икона. Со нејзиниото доаѓање во кралското семејство, Кејт доби сериозна конкуренција, пишуваат модните криточари. Сепак, како што пренесуваат британските медиуми, Меган сѐ уште не ја достигнала Кејт, која ја засени својата помлада јатврва на конкретниот настан.