Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Кејт Мидлтон во најопуштено издание досега: Играше криенка во лежерен аутфит
Војвотката од Кембриџ вчера ги посети децата извидници и со нив уживаше во играњето криенка. За ваквото дружење таа избра потполно рециклирана, но практична комбинација.
За 100-годишницата на паткот „Џивел“, Кејт облече јакна од бреднот Barbour, џемпер од брендот J.Crew , омилените чизми од брендот Chloe, темни фармерки, а изгледот го надополни со шарена извидничка марама.
За оваа пригода Кејт имаше пуштена коса, минимално шминка и златни обетки.
Таа откри дека и нејзините деца би сакале да им се придружат на извидниците.