(ФОТО) Кејт Мидлтон во веќе носен фустан е кралица на модното рециклирање
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ѝ се придружија на кралицата Елизабета на миса во црквата Света Марија Магдалена. Тројката предизвика големо внимание откако се појави пред црквата, а особено војвотката од Кембриџ со нејзиното модно издание.
Таа изгледаше беспрекорно во небесно синиот струкиран капут со потпис на дизајнерката Кетрин Вокер, кој реши да го облече врз веќе видениот фустан со точки, од брендот Л.К. Бенет.
Целиот стајлинг го надополни со сина трака за коса од дизајнерката Џејн Тејлор, со темносините шпиц салоноки и ефектната чанта. Ова е прво појваување на Вилијам и на Кејт во Новата година.
Кејт Мидлтон и кога „рециклира“ изгледа одлично, велат модните критичари. Таа и претходно знаела да облече нешто што и претходно јавноста го видела, но секогаш да го надополни со нешто ново.
Затоа и ја нарекоа „кралицата на модното рециклирање“. Кралицата Елизабета, со внукот и со снаата се потрудија да изгледаат совршено на мисата, за да ги потиснат написите за тензиите во кралскиот дворец, помеѓу двете јатрви Кејт и Меган.