(ФОТО) ЌЕРКАТА НА ТАЊА И НА ПРЕДРАГ Е ВИСТИНСКА УБАВИЦА
Актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски се во брак 23 години. Шармантната актерка која е миленичка на народот поради својата духовитост и непосредност ретко споделува приватни моменти на социјалните мрежи.
Таа неодамна објави слика од нивната ќерка, Нела. „Вистинска убавица“, се коментарите под фотографијата на ќерката на актерската двојка.
„ Александар има 28 години, а Нела има 22. Александар заврши факултет за туризам, а Нела тргна по стапките на своите родители и е студент на ФДУ. Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хахахаха. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“, изјави Тања за своите деца во претходно интервју за Женски магазин.