(ФОТО) Која е 23 години помладата девојка на Леонардо Дикаприо: Фатени заедно во Кан

Папаразите во Кан го фатија актерот Леонардо Дикаприо како ја фотографира својата девојка Камила Морони, пред хотелот во кој престојуваат сите познати фаци кои се таму за филмскиот фестивал.

Манеканката позираше во долг бел фустан со точки, босонога. По фотосесијата се упатија на вечера во луксузен ресторан на обалата.

21-годишната актерка Морони во Кан е поради филмот „Mickey and the Bear“, а актерот го промовира својот документарен филм „And We Go Green“ и улогата во филмот „Once Upon a Time In Hollywood“ на Квентин Тарантино, заедно со Бред Пит и Маргот Роби.

Морони и Дикаприо се заедно уште од 2017-та година, а заедно се видени неколку месеци подоцна на фестивалот Коачела. Оттогаш поминуваат доста време заедно.

Двојката се запозна преку Ал Пачино, бидејќи манекенката е ќерка на неговата долгогодишна партнерка, актерката Лусил Сол. 

Камила од Леонардо е помлада 23 години, а фановите на социјалните мрежи се зезаат како кога таа во 1997-ма се родила, Леонардо имаше премиера со популарниот „Титаник“.

- Станува многу сериозно меѓу нив. Тие се неразделни и луди еден за друг. Се запознаа меѓусебно и со семејствата, и уживаат да поминуваат време заедно- раскажа близок извор за „E!News“.

Оскаровецот е познат холивудски ерген и заводник, а многу жени се нашле во негова прегратка, најчесто помлади манекенки, од кругот на ангелите на Викторија Сикрет. Ди Каприо беше во врска со Жизел Бундшен, Бар Рафаели, Наоми Кембел и многу други.