(ФОТО) Која кралска личност е најискрена на Инстаграм?

Добивај вести на Viber

Редовно слушаме за тоа како Војвотката од Кембриџ, кралицата Летиција од Шпанија и другите  европски принцези може или не смееле со својот стил да кршат модни правила во последните неколку децении, но има и друга „кралица на стилот“ која можеби заслужува повеќе внимание  за нејзините модни напори : Кралицата Ранија Ал Абдула од Јордан (49).

Откако се омажи за принцот Абдула во 1993 година, Ранија во својот стил ги инкорпорира најдоброто од традициите на нејзината нација, но стави и свој стилски печат и така го заслужи епитетот модна икона.

Ранија ја совлада уметноста на перфектен изглед на јавните настани многу време пред нашата сакана Кејт Мидлтон да влезе во британското кралско семејство.

Нејзините омилени етикети вклучуваат големи европски куќи (Валентино, Диор, Армани), како и одлични, неконвенционални избори за кралско семејство (Викторија Бекам) и, дипломатски, многу дизајнерски имиња од Блискиот исток.

Она што ја прави најискрена меѓу останатите принцези и кралици е тоа што секој нејзин моден потег можете да го следите на Инстаграм. Додека Кејт, Летиција, Матилда и другите избираат да споделуваат само одредени моменти од нивниот живот во јавноста, кралицата Ранија неделно ги ажурира своите 3,6 милиони следбеници, споделувајќи нови фотографии и од нејзините четири деца, принцот Хусеин, (23), Принцезата Иман (20), принцезата Салма (16) и принцот Хашем (12), како и истакнувањето на нејзиниот ангажман на клучните проекти за подобрување на образованието и здравствената заштита во Јордан. Има стотици фотографии во дизајнерска облека, од кои секоја привлекува до 150.000 „лајкови“ во просек од нејзинатаобожавателска заедница преку Интернет.

Тоа е стратегија за подобар имиџ слична на првата дама на САД Меланија Трамп - да се поврзе со фановите и да понуди увид во нејзиниот живот и стил . Всушност, кога двете се сретнаа во април, секоја објави фотографија од себе и заедно, и собраа повеќе од 500.000 лајкови.

Сето тоа ја прави кралицата Ранија сакана кај модните блогери и кај дизајнерите кои се тепаат да ја облечат.