(ФОТО) Конфузно и дискутабилно: Дали би се облекле како Ирина Шајк?

Добивај вести на Viber

фото:Profimedia

Ирина Шајк го спои неспоивото. 

Од руската убавица учиме скоро секој ден како да играме и да експериментираме со модата, а сега таа реши да ни претстави спортски стил на поинаков начин.

Манекенката Ирина Шајк моментално живее во Њујорк, на голема радост на тамошните папараци, кои деноноќно ја следат. Благодарение на нив, имаме можност да уживаме во поглед на интересните селекции на облека на Русинката, а најновото издание е варијанта на спортска облека за секој ден, но со обувки кои сигурно не би биле првиот избор во овој случај.

Имено, Ирина прошета во се попопуларна комбинација од високи потпетици и тренерки! Таа го избра сивиот комплет на брендот Ким Кардашијан SKIMS и светло-кафеави чизми до колена, и повторно ја облече својата мини-чанта со зебра принт, која ја искоминира со заштитна маска во ист принт.

Според модните критичари оваа комбинација го враќа духот на деведесеттите години, особено благодарение на минијатурните очила за сонце, од кои Ирина не се одделува деновиве, но според други пак комбинацијата е дискутабилна. 
Што мислите вие? 
Би се облекле ли вака?

извор: glossy.espreso.rs