(ФОТО) Кралско патување во празничен стил: Кејт Мидлтон блеска во капут и шал кои ги носи повторно!
Војвотката од Кембрич, Кејт Мидлтон важи за стилска икона и тоа таа не престанува да го докажува.
Имено, војводата и војвотката од Кембриџ започнаа тридневна посета на Велика Британија. Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам се качија вчера во авионот за да посетат девет локации во Англија, Шкотска и Велс.
Војвотката од Кембрич за таа пригода избра зелено маслиново палто, потпишано од нејзиниот омилен моден креатор Александар Меквин.
Тоа е модел во кој Кејт се појави во јавноста неколку пати. Последен пат таа заблеска во него во јануари годинава кога кралскиот пар отпатува за Брадфорд.
Заедно со палтото, таа искомбинира класична црна чанта Grace Han Love Letter, додека од чевлите избра чевли од кожа од Ралф Лорен.
Изданието го зачини со кариран шал кој поради боите и делот има вистински божиќен шмек. Но, Кејт се потрудила и заштитната маска да и одговара со аутфитот.
Според „Дејли меил“, Кејт веќе го носела овој шал во 2016 година, а станува збор за модел на брендот „Jork Scarves “, по кој прошета за време на нејзината посета на Канада, а чини 15 фунти.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Кејт Мидлтон или Викторија Бекам: Која е поголема модна иконаМоден двобој: Меланија Трамп или Кејт Мидлтон - на која дама поубаво ѝ стои костим