Моден двобој: Меланија Трамп или Кејт Мидлтон - на која дама поубаво ѝ стои костим

Добивај вести на Viber

Меланија Трамп и Кејт Мидлтон се убави и атрактивни дами, кои се секогаш облечени во согласност со настанот на кој присуствуваат.

Досегашната првата дама на САД, особено деновиве за време на изборите за претседател на САД и за време на предизборната кампања на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, покажа неколку стајлинзи со кои повторно и повторно докажа дека е модна икона.

Меланија како поранешна манекена знае како да застане и да покаже грациозност со секое нејзино појавување.

Така и денес, на едно од обраќањата на Доналд таа носеше совршен елегантен костим, кој ја истакна нејзината фигура.

Својствени за неа се високите потпетици, кои таа ги носи со леснотија. Во црн костим, бела кошула и црни високи потпетици Меланија издоминира на претседателските избори во САД.


И војвотката Кејт Мидлтон, модните критичари и познавачи на модната индустрија ја класифицираат како дама која е модна инспирација. Таа за настанот на доделувањето на здравствените награди „Гордоста на Британија“, се појави во костим во темносина боја, комплетиран со светло сина кошула. Ретко ја гледаме војвотката во панталони, но и оваа парче на нејзината фигура и стои одлично.


Двете дами се секогаш елегантни и во тренд со модата. И двете повторно докажаа дека панталоните освен што се по комфортни за носење, тие може да ја истакнат вашата фигура и во нив да изгледате грациозно и стилски.


Р.Ж.М.

Фото: Profimedia/SHUTTERSTOCK

Mожеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Кејт Мидлтон во шик есенски изглед: Капут каков што досега не сме виделе

Кој е „главен“ во куќата: 7 незаборавни моменти во кои Меланија му се спротивставува на Трамп