(ФОТО) Кејт Мидлтон во шик есенски изглед: Капут каков што досега не сме виделе
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон најави шик есен, избрајќи парче што несомнено ќе го
гледаме често во наредните сезони.
Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон ја посетија изложбата „Hold Still“ во Лондон, на која се прикажани фотографии избрани на конкурс инициран од убавата војвотка.
Кралската двојка се состана со некои од уметниците чии фотографии беа избрани и уживаа во разговорот со нив. Како и што се очекуваше, Кејт повторно воодушеви со својот стил - за оваа пригода избра црвен капут со потпис на нејзиниот омилен Александар Меквин. Капутот, е струкиран во половината што дополнително ја истакнува нејзината витка фигура.
Војвотката на ова многу импресивно парче, додаде бела блуза, плисирано црно миди здолниште и црни салонки од Џнвита Роси, моделот Пајпер, што го носеше неколку пати досега, ова се чевли со остар врв и подебела потпетица, па токму затоа се многу удобна, а сепак елегантна опција.
Целиот изглед е надополнет со рачно изработена црна мини-чанта и заштитна маска со ситни цвеќиња..