(ФОТО) Принцезата Шарлот ја издаде: Кејт Мидлтон повторно бремена?

Добивај вести на Viber

Детаљ за кој сите зборуваат...

Иако уживаат во семејниот живот со своите три деца, седумгодишниот принц Џорџ, петгодишната принцеза Шарлот и тригодишниот принц Луис, војвотката и војводата од Кембриџ, 38-годишната Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, во последно време се мета на бројни таблоиди кои наведуваат дека војвотката ја крие четврта бременост и како семејството наскоро треба да се прошири со друг член. 

Едно од нив е списанието „New Idea (Нова идеја)“, кое неделава излезе со приказна за бременоста на Кејт, во која се наведува дека токму петгодишната принцеза Шарлот ја открила со нејзините постапки.

Имено, пред неколку дена Вилијам и Кејт беа домаќини на историчарот Дејвид Атенборо во нивниот дом, а по тој повод, парот објави неколку фотографии од собирот на нивниот официјален профил на Инстаграм. На едната фотографија војвотката позирала со раката на стомакот, па набргу започна да се шири веста дека и тоа е потврда за нејзината бременост. 

Сепак, според „New Idea“ малата Шарлот одигра клучна улога во вестите за бременоста. Како што објаснува споменатиот таблоид, девојчето со голема возбуда гледа во 94-годишниот историчар, додека стои покрај стомакот на мајка и', што, според некои обожаватели на социјалните мрежи, давало навестување дека радоста во нејзините очи е предизвикана од фактот дека наскоро ќе добие помлад брат или сестра. 

Иако нема официјална потврда за овие тврдења, експертот за говор на тело Џуди Џејмс дополнително ги заинтригираше обожавателите со објаснување како позата на Кејт открива многу повеќе отколку што војвотката би сакала.

„Иако ова може да биде нормална положба на раката за Кејт, на оваа фотографија таа го прави тоа многу понежно и самата нејзина рака стои во заштитена положба што не е вообичаено за неа“, објасни Џуди.

извор:zenskikutak.rs