(ФОТО) Кристина Арнаудова со уникатна креација и деколте

Добивај вести на Viber

Кристина Арнаудова  е многу горда на наградата која ја доби со здружението „Проект среќа“ од магазинот „Стори“, за хумани и општествено одговорни јавни личности, заедно со нејзините колеги од дуото ДНК.

Облечена во шик црн фустан и деколте, пејачката и активистка остана доследна на својот стил, комбинација на класична елеганција со кожен детаљ во горниот дел со кој го негува својот рокерски изглед. Кристина на доделувањето на наградите облече креација на Андреј Папаз.

Фото: В.Тануровски

„ Во изминатов период дониравме околу 10 милиони денари за децата кои живеат во социјален ризик, и нема да застанеме тука. Понекогаш, се чувствувам како просјак додека работиме некој проект, затоа ги молам компаниите, медиумите и сите луѓе за поголема поддршка на „Проект среќа“, рече Кристина кога ја примаше наградата.

Фото: Фејсбук профил на Кристина Арнаудова 

„И јас сум Дедо мраз“, акцијата со која се донираа новогодишни подароци, „Среќна школска година“, за подарување на школски прибор, „Здраво шампиони“ во која се донираше спортска опрема и бесплатно членство во спортски клубови се дел од акциите на „Проект среќа“. Тука се и „Среќно матуранти“ како и кампот „Шарено лето“ кој две години по ред понуди бесплатен годишен одмор со едукативни содржини во Маврово, за деца чии родители не можат тоа да си го дозволат. (М.Џ.) 

Насловна фотографија: С. Соколовски