(ФОТО) Лавовски се боревте, заслуживте титула: Здравко Чолиќ доби дрес на "Вардар" од Панчев

Добивај вести на Viber

Здравко Чолиќ и Дарко Панчев се стари пријатели. Балканската поп-ѕвезда и фудбалската легенда се дружеа денеска во Скопје, во кафулето на Панчев, "9". Панчев на Здравко му подари дрес со неговото име.     

"Се сеќавам кога прв пат се запознавме со Здравко. Јас уште бев фудбалер во "Вардар". Тој дојде овде на концерт, средбата беше неформална и пријателска", раскажа Панчев. Чолиќ додаде дека иако често не се гледаат тој и Панчев останале добри пријатели.              "Не успеав во живо да гледам кога РК Вардар стана европски шампион. Гледав снимка. Лавовски се боревте. Заслуживте титула", рече Чолиќ. На концертот на 15 јуни на Градскиот стадион, Панчев со сопругата Маја и со ќерките Надица и Марија ќе биде еден од подрагите гости на Здравко. За крај на дружбата, Чола доби торта со логоата на трите негови омилени клубови: " Вардар", "Црвена ѕвезда" и неговиот "Жељезничар"од Саеаево. М.Џ.