(ФОТО) Лејди Гага во одлично модно издание: Бел фустан со длабоко деколте и шлиц

Добивај вести на Viber

Синоќа на доделувањето на наградите на SAG, во Лос Анџелес, филмските ѕвезди блеснаа во полн сјај.

Покрај многуте дами, како една од најдобро облечените се истакна Лејди Гага, која беше номинирана за најдобра женска улога во филмот „A star is born“.

Овојпат пејачката се одлучи за бело издание со потпис на Диор, кое беше претставено за прв пат пред само неколку дена на Модната недела во Париз.

Фустанот кој се истакнуваше со прекрасниот долен дел во „А“ крој, длабокиот шлиц на ногата, не изгледаше вулгарно поради боди костимот кој беше дел од креацијата

Изгледот беше надополнет со залижана коса собрана во елегантна ниска пунџа и гламурозен златен накит, кој го потпишува „Tiffany & Co“ во посебната „Blue Book“ колекција.

Феноменалната шминка која подразбираше усни во најтемно црвена нијанса, го заокружи победничкото издание на Лејди Гага.