(ФОТО) Лепа Брена ги сподели најдобрите 6 лекари: Живејте денес, утре може да не дојде

Вечна мудрост што се пренесува со децении

Позната по својата подготвеност да сподели бројни моменти од приватниот живот со фановите, Лепа Брена објавува и инспиративни цитати на својот профил на Инстаграм, а во ерата на вирусот ковид-19, ова охрабрување и утеха им одговара на сите. Така, на денот на 29-годишнината од нејзината венчавка со Бобан Живојиновиќ, таа објави прекрасен цитат кој му се припишува на легендарниот Чарли Чаплин.

- Чарли Чаплин живееше 88 години. Ни остави 4 изјави:

1. Ништо не е засекогаш на овој свет, па дури ни нашите проблеми.

2. Сакам да шетам на дожд затоа што никој не ги гледа моите солзи.

3. Изгубен ден во животот е денот кога не се смееме.

4. Шест најдобри лекари во светот:

-сонце

-одмор

-вежбање

-диета

-самодоверба

-пријатели

Држете се до нив во сите фази од вашиот живот и уживајте во здрав живот. Животот е само патување. Затоа, живејте денес, утре можеби нема да биде - рече Брена.


Фото: Инстаграм/lepabrena

Можеби ќе ве интересира:

Лепа Брена има брат за кој ретко кој знае: Често го гледате на телевизија