(ФОТО) Лепа Брена шокираше со новата боја на коса: Време е за промени

Пејачката Лепа Брена е голема југословенска sвезда, која во текот на својата кариера, покрај својот енергичен глас и песни, го привлече и вниманието на јавноста со своите екстравагантни промени.

Таа сега ги изненади своите следбеници со видео што го објави на социјалната мрежа Инстаграм и се пофали со својата нова фризура.

View this post on Instagram

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Брена, очигледно, користеше филтри за кратко да ја смени бојата на косата во розова. Големиот број лајкови се доказ дека промената им се допаднала на многумина.