Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Летиција и Кејт првпат заедно: Која подобро помина кај модната критика?
На огромно задоволство на фановите на кралските семејства, војвотката Кејт Мидлтон и кралицата Летиција првпат заедно се појавија на официјален настан. Досега не беа фотографирани една покрај друга никогаш, па за модните критичари ова беше момент кој одамна го очекуваа.
Според многумина, Летиција со својот стил одамна ја надмина Кејт, најмногу поради умешноста да експериментира со модата, а притоа во секоја ситуација да биде примерно облечена.
Од друга страна, на војвотката од Кембриџ најмногу ѝ замеруваат што преферира старомодни и конзервативни кроеви, дури и во пригодите во кои тоа не се ни бара од неа.
И двете дами останаа верни на сопствениот стил. Која повеќе ви се допаѓа?