(ФОТО) Летиција штеди на облека, а пак е кралица на стилот
Шпанската кралица Летиција во последно време промовира нов моден тренд, таа носи костуми кои веќе ги облекла на официјални настани. Отмената кралица ова не го прави за прв пат, но во последно време оваа пракса ѝ стана многу честа.
Последниот пример беше на гала вечерата која шпанското кралско семејство ја организираше за претседателот на Перу, Мартин Вискари и неговата сопруга, Марибел Дијаз.
Летиција носеше ист фустан кој претходно го носеше на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, во април во 2011 година, од дизајнерот Фелипе Варела.
Неколку дена пред овој настан, кралицата во Мадрид присуствуваше на уште една церемонија на која „рециклираше“ уште една комбинација од истиот дизајнер. Истата комбинација таа ја облече и во 2016 година по повод националниот празник, и тогаш беше на метата на јавноста која ја критикуваше поради сличноста на дизајност на фустанот со колекцијата на Оскар де ла Рента од колекцијата пролет-лето 2011.
Мора да се напомене и костумот кој го носеше на 14 февруари годинава, а пред тоа го облече во 2008 година. Таа и покрај ова е кралица на стилот, што и да облече.