(ФОТО) ЛЕТО 2019: Најдобрите едноделни костими за капење во кои треба да инвестирате

Добивај вести на Viber

Моментално во понудата на „high street“ брендовите можете да пронајдете голем избор на бикини костими за капење. Не е чудо што многу дами имаат проблем да го изберат најдобриот модел.

Но она што ќе ве направи поразлични од другите е ако изберете едноделен костим за капење, бидејќи едноделните костими за капење од сезона во сезона стануваат се попопуларни.

Ова лето носиме сепак специфичен „one-piece“ модел кој ни дава шанса да бидеме најпривлечни дами ширум плажите во наредните месеци.

Ако оваа сезона одлучите да го следите светскиот тренд и да се откажете од бикини, имајте на ум дека  класичните кроеви на костими од еден дел сепак го потиснаа малку поинаквиот едноделен модел кој на вашето летно издание му даваат посебна стилска и софистицирана нота што со бикини не можете да ја постигнете.

Овие модели ќе бидат тренд лето 2019!

1. Флорален дезен

Едноделните костими со детали од егзотични тревки или цвеќиња изгледаат неверојатно секси. Ваков костим може да најдете во Сара Фешн по цена од 1290 денари.


2. Анимален принт

Асиметричен едноделен костим со анимален принт и нежни бои. Одличен избор, 2199 денари во „Women's secret“.

3. Еднoбоен ефектен едноделен костим

Едноставно, ефектно и елегантно. Ваква класика едноделен костим за капење може да најдете во „Lisca“ по цена од 4209 денари.

4. Овошен дезен

Цреши, лимони, банани, киви... едноделни костими со овошен дезен се тотален хит ова лето. Наш избор е овој од „Women's secret“ кој може да го имате по цена од 2199 денари.

5. Интересни отвори

Овој необичен костим со интересни отвори ќе ви даде секси изглед и ќе открие онолку колку што треба. Во Сара Фешн по цена од 1290 денари.


6. Со линии

Горниот дел на костимот за капење го красат разиграни линии со различна дебелина кои се распоредени во различни насоки и со сигурност ќе привлечат бројни погледи. Долниот дел е еднобоен со што оптички ја стеснува женската силуета. Идеален костим во „Lisca“ по цена од 2869 денари.

7. Чипкан едноделен костим

Заљубувањето во овој едноделен костим за капење е едноставно. Чипкан материјал, нежна боја, совршен крој- во „Women's secret“ по цена од 2199 денари.