(ФОТО) Лежерно, но женствено: Меланија Трамп во тегет од глава до пети

Добивај вести на Viber

По краткиот одмор на луксузниот семеен имот на Флорида, Меланија Трамп се врати во Белата куќа, а овојпат фоторепортерите ја начекаа во лежерно, но повторно многу женствено издание. Првата дама на САД наместо фустан или здолниште, овојпат одбра тегет панталони со рамен крој.

Меланија со сопругот Доналд Трамп и нивниот 12-годишен син Барон пред неколку дена по подолга пауза се појави во јавноста. Тогаш го украде шоуто со аутфитот во кој доминира популарната камел боја која е голем тренд оваа сезона. Госпоѓа Трамп изгледаше фантастично во едноставните чизми со дебела висока потпетица на модната куќа Gianvito Rossi кои ги искомбинира со капут во иста нијанса на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ.