(ФОТО) Мадона подготвена за историски настап на „Евросонг“

Добивај вести на Viber

Некрунисаната кралица на поп-музиката, Мадона, е подготвена за најскапиот настап во евровизиската историја. Американската ѕвезда сподели две фотографии на „Инстаграм“ на која ја следат 13, 7 милиони фанови како најава за шоуто кое допрва треба да го видиме.

За овој ангажман ќе ѝ бидат исплатени 1,3 милиони евра, што дефинитивно е најскапиот настап во евровизиската историја. Ангажманот на Мадона го финансира милијардерот Силван Адамс. Овој 59-годишен филантоп пед три години со својата сопуга Маргарет од Канада се пресели во Израел. 

Настапот на Мадона беше неизвесен сѐ до нејзиното слетување во Израел. Наводно, договорот помеѓу националната израелска телевизија и групацијата Live Nation е потпишан во последен момент. Како и да е, евровизиските фанови вечерва очекуваат спектакуларен настап. Само за шоуто на американската ѕвезда, наводно се ангажирани 135 луѓе и 30 тони дополнителна опрема. Се очекува на подиумот да ја придружуваат 25 професионални танчари.