(ФОТО) Маја Иванова и Кралицата Ранија се дами со стил: Модерна средба
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, заедно со својата сопруга Маја Иванова, викендов беше во посета на Аман.
Иванови беа дочекани со највисоки државни и воени почести од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин, и неговата сопруга Кралицата Н.В. Ранија Ал Абдула.
Двете дами изгледаа прекрасно. Тие ја посетија фондацијата „Jordan River“, невладина организација чијшто фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и детскиот музеј „Јордан“, кои се основани од Кралицата Ранија.
Кралицата Ранија има и свој профил на Инстаграм на кој сподели дел од моментите со првата дама на Македонија.
Маја за посетата на Јордан избра костим во нејзин претпознатлив стил, во нежна крем боја.
Ранија пак изгледаше ултра модерно во темно виолетов фустан со миди должина и светкави салонки.