Животна училница // Приказни
(ФОТО) Маријана за ќерката: Кога и да почувствуваш дека животот е нефер само запамети дека мама е тука
- 19 Мај, 2020
Пејачката Маријана Новачевска, сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска, со семејството долги години живее во Мелбурн, Австралија, работи како стоматолог и се повлече од јавноста и од музиката. Пред извесен период таа стана баба, овојпат на својот профил на Фејсбук ѝ честита роденден на ќерката Магдалена:
„Моја драга Меги, мое сонце, мое се, среќен роденден.
Ти си прекрасен благослов, специјална среќа, моја љубов и моја гордост.
Кога и да почувствуваш дека животот е нефер само запамети дека мама и твојата фамилија секогаш ќе се грижат за тебе.
Покрај другото, фала што ја направи мама помлада на овие фотографии.“