(ФОТО) Убавите жени се верни само кога вистински сакаат: Јелена Спенџарска искрено за мажите

Добивај вести на Viber

ТВ водителката Јелена Спенџарска на својот профил на Инстаграм објави фотографија во гламурозен стил, но она што го напиша под неа беше многу впечатливо.

- Мажите гледаат неверство и закана во убавите жени бидејќи изреката гласи: "Убава жена - сечија жена".. А не знаат дека убавите жени се верни кога вистински сакаат бидејќи се свесни дека во секој момент можат да имаат некој друг ако тоа го посакаат.- напиша Спенџарска.

Јелена постојано ги охрабрува жените и им влева самодоверба.

- Ме мотивираат луѓе кои си го живеат својот живот. Луѓе со самодоверба. Животот е постојано патување од нашето раѓање, па се до смртта. Околината се менува, пријателите се менуваат, потребите се менуваат, но возот не застанува. Ме мотивираат луѓето кои знаат дека животот е воз, а не железничка станица. Многу луѓе денеска знаат да те прашуваат што работиш, се гледаш ли со некој, мажена ли си, имаш ли деца и зошто уште не.... но, луѓето кои ќе те прашаат дали си среќна и дали можат некако да помогнат, е ти ми се најголема мотиваија- раскажа таа за Женски Магазин.