(Фото) Меган Маркл и принцот Хари за прв пат во јавност по венчавката, со отмен стил!

Добивај вести на Viber

Војводата и војвотката на Сасекс се тука! Принцот Хари и Меган Маркл, новопечените младоженци го имаа нивниот прв официјален настап како брачна двојка, три дена откако се венчаа во капелата на Свети Ѓорѓи. Двојката беше на градинарска забава во чест на принцот Чарлс (неговиот 70-ти роденден е во ноември).


Војвотката од Сасекс прв пат беше забележана во автомобилот на пат кон настанот, облечена во бледо-розев фустан од Goat  со ракависо соодветна капа од Филип Трејси, и нејзината коса во ниска пунџа.

Тие веќе изгледаат како кралски пар. 

Меган ги носеше и вереничкиот и свадбениот прстен, и беше постојано насмеана.