(ФОТО) Меган Маркл постојано ги носи овие високи потпетици: Удобни и тренди
Војвотката на Сасекс Меган Маркл постојано е под надзор на светската јавност. За жал, имаше повеќе скандали и негативни критики, а кулминација се постигна кога светските медиуми објавија дека Меган воопшто не е бремена и дека носи потпорен стомак под фустанот.
Сепак Меган не може да се изолира од сè, туку е принудена да ги исполни своите кралски должности. Така беше во посета на Националниот театар во Лондон, и повторно воодушеви со својот стајлинг.
За оваа прилика, таа избра комплет во нежна розова боја која совршено и прилега.
Комплетот се состои од струкирана јакна и фустан до колена, надополнети со високи потпетици во крем боја, во кои што веќе ја видовме Меган неколку пати.
Минималистичкиот накит и необичната чанта беа само доличен завршеток на целокупниот изглед на модерната и бремена Војвотка.