(Фото) Меган Маркл во фустан како принцезата Дајана!

Добивај вести на Viber

Војвотката од Саксес и сопругата на принцот Хари, Меган Маркл за роденденот на кралицата Елизабета Втора се појави во нежно розов фустан на Каролина Херера.

Фустанот беше без раменици и тотално наликуваше на оној што принцезата Дајана го носела во 1987 година. Деликатната розова боја, голите раменици, малечките копчиња- се многу слични со фустанот дизајниран од страна на Катерин Вокер, кој принцезата Дајана го носела во Берлинската куќа на опера во 1987-ма година.


Изгледа прерано починатата мајка на нејзиниот сопруг Хари, е постојана инспирација на Меган.