(ФОТО) Меган со голите нозе ги крши кралските правила
Принцот Хари и Меган Маркл вечерта ја поминаа уживајќи во претставата на познатиот канадски „Циркус на сонцето“, во Ројал Алберт Хол во Лондон.
За таа пригода, војвотката од Сасекс избра фустан со кој повторно е во центарот на вниманието на модните критичари. Според кралските правила, членовите на англиското кралско семејство не смеат да имаат голи нозе, но за Меган, тоа правило очигледно не важи.
Фото: Гети
За оваа пригода, таа облече елегантен светкав фустан во темносина боја со асиметричен шлиц. Критичарите коментираат дека Меган никогаш не изгледала поубаво од сега, во шестиот месец од бременоста.
Се работи за фустан од францускиот дизајнер Роланд Моурет чија цена е неполни 5.000 евра. Овој податок не ѝ се допадна на британската јавност која на социјалните мрежи е веќе огорчена поради фактот што Маркл минатата година на облека и на модни додатоци потрошила близу 430.000 евра, според проценката на медиумите.
Светките не се избор во кој сме навикнати да ја гледаме американската актерка, но од Меган, која упорно го негува сопствениот стил и не ги почитува кралскоте модни правила, јавноста веќе ништо не ја изненадува. Гламурозниот фустан, таа го надополни со секси црни сандали со потпис на Стјуарт Ветизман, чија цена е 350 евра.