(ФОТО) МЕЛАНИЈА И ДОНАЛД ТРАМП НА ВЕЛИГДЕН ВО ФЛОРИДА: Првата дама во летна комбинација-Трамп не ја пушта од рака

Добивај вести на Viber

Иако гласините за аферите на американскиот претседател Доналд Трамп не се смируваат, а медиумите почнуваат да прашуваат до кога Меланија ќе ги трпи неговите испади и непочитувања, претседателскиот пар изгледа како никогаш да не бил толку среќен како сега!

Половина свет вчера во своите домови го славеше Католичкиот Велигден, а Меланија  и Доналд овие празници ги поминаа во куќата во Пал Бич, на Флорида.


По месеци полни стрес кои се зад нив, првата дама и претседателот „избегале“ од Вашингтон и најголемиот христијански празник го поминале одејќи на миса во локална црква.

Иако сме навикнати на спротивното, овој пат Доналд својата убава сопруга постојано ја држеше за рака, гледаше во неа како заљубен тинејџер а и двајцата цело време беа насмеани и видно расположени-пишуваат американски медиуми.


За празникот, Меланија по обичај заблеска-доаѓањето на убавото време првата дама го искористи после повеќе месеци да облече летен фустан без ракави и шпиц затворени сандали.

Во друштво на претседателот и првата дама на Америка била и ќерката на Доналд Тифани Трамп.