(ФОТО) Меланија Трамп ги замени здолништата со кожени панталони

Добивај вести на Viber

За честите патувања кои се дел од описот на работното место на на првата дама на САД, изгледот подразбира избор на парчиња облека кои се комотни, но апсолутно ефектни. 

Меланија Трамп изминатиот период заедно со нејзиниот сопруг Доналд Трамп беше на европска турнеја и по тој повод, имавме можност да ја видиме во елегантни и софистицирани изданија. 

Но, сепак од сите комбинации, посебен печат остави изгледот за посетата на Хелсинки, каде Меланија се појави облечена во кожени панталони со висок струк, комплетирани со бела класична кошула, сако во светло сина боја, салонки, чанта и очила за сонце. 

Првата дама на САД знае да направи интересен спој на парчиња и бои и со тоа да го оправда статусот за една од најубаво облечените жени во светот.