(ФОТО) Мене срцето во петици дека вози: Синот на Дани позади волан

Пејачката Дани Димитровска, објави фотографија со својот син Лазар.

- Од вчера.. при дожд... во кола.. он вози. Мене срцето у петици дека вози. Он. А воспитан позади волан. Културен у ретровизор. А мој. Муабетите лабави. Еден е. Ѕвезден е- напиша таа под фотографијата на која со синот се во автомобил.

Пејачката која минатата година успеа значително да ја намали тежината со диета, секогаш има убави зборови за својот единствен син кој многу наликува на неа.

- Син ми точно го знае значењето на музиката во моето срце. Очите му се смеат на моите остварувања и секогаш е безрезервна поддршка. Возрасен е- раскажа таа во претходно интервју.