(ФОТО) Михаил ме освои со шармот: Татјана Стојановска проговори за љубовниот живот

Добивај вести на Viber

Познатата ТВ презентерка Татјана Стојановска неодамна проговори за својот љубовен живот. Таа во ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека веќе неколку години е во врска со Михаил, кој ја освоил со својот шарм и интелект.

„ Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не  е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис.  Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за „Бекстејџ“. 

Татјана, која е поранешна сопруга на фолк-музичарот Благоја Грујовски, зборуваше и за својата 25 годишна телевизиска кариера, и за синот Матеј.