(ФОТО) Милена Антовска со длабок шлиц како Анџелина Џоли

Добивај вести на Viber

Шармантната водителка Милена Антовска секогаш изгледа одлично. Овојпат на црвениот тепих се појави во црна тоалета со длабок шлиц кој ги откри нејзините нозе.

Станува збор за креација на модната дизејнерка Ива Спасовска. Милена беше во придружба на својот сопруг Гордан Станковски и колегата Ване Маркоски.

- Линијата ја одржувам со тоа што внимавам што и кога јадам. Не јадам доцна навечер, јадам почесто ама во мали количини. Инаку пијам многу вода и јадам многу овошје. Тоа е мојата формула за витка линија- откри за Женски Магазин, водителката, која на „Канал 5“ телевизија ја води емисијата „Сподели проблем со Милена“.

Се чини дека овој тренд на фустани со длабок шлиц го покрена актерката Анџелина Џоли, која се појави во таква едноставна црна тоалета на Оскарите 2012.