Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Минималистичка комбинација која трендсетерките ја обожаваат ова лето
Трендсетерките низ светот се презаситија од бои и најразлични дезени, па решија да му се вратат на минимализмот.
Можеби ќе се зачудите, но еден од најголемите трендови за ова лето е најобичната памучна маичка без ракави, која често ја носиме како подкошула.
Трендсетерките овој модел вешто го комбинираат со летни ленени панталони и парчиња во земјени тонови.