Австрискиот министер за европски прашања Гернот Блимел испровоцира „модна“, но и политичка бура, откако прошета без чевли, само по чорапи низ салата на парламентот.
Блимел за време на вчерашната седница, влезе и се прошета по чорапи во тиркизна боја, иста како бојата на неговата Народна партија, што предизвика големо неодобрување од страна на опозициската партија.
„Дали вашата политика ќе излезе од чевлите?“ – вака било напишано на Твитер од член од опозицијата, со препорака дека министерот треба да биде засрамен за ваквото однесување.
Оваа акција на министерот во јавноста го постави прашањето дали еден министер може вака да се однесува во собрание, но повлече и многу модни коментари во врска со стилот на министерот.