(ФОТО) МОДЕН ДВОБОЈ: Меган и Кејт заедно на Вимблдон

Добивај вести на Viber

Борбата за доминација на Вимблдон денеска не се одвиваше само на тениските терени. Светските медиуми пишуваат за модниот двобој на женското финале помеѓу војвотките Кејт Мидлтон и Меган Маркл.

Во само една недела вторпат се појавија заедно во јавноста, а се скенираше буквално сѐ. Од нивната облека до невербалната комуникација, за фановите на најпопуларното кралско семејство конечно да добијат одговор дали навистина Кејт и Меган се во добри односи или во прашање е уште една претстава за публиката.

Во жестока конкуренција, треба да се биде убав, но и скромен. Кејт го „повтори“ зелениот фустан на Долче и Габана кој го носеше и во 2016 година во Канада, а чини 2.150 фунти. Меган, пак, се одлучи за беа кошула која ја искомбинира со здолниште на Бос вредно 350 фунти.

Извор: Индекс.хр

Фото: Гуливер, Гети