Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Моден пораз на Меланија Трамп
Ова е првиот моден пораз на првата дама на САД, велат модните критичари. Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, во Белата куќа го пречекаа претседателот на Полска Андрзеј Дуда и неговата сопруга Агата Корнхаусер-Дуда.
За оваа пригода, Мланија реши да паузира со фустаните кои ги замени со костум со широк крој во нежна розова нијанса. Комплетот го потпишува познатиот Келвин Клајн. Се состои од благо струкирано палто со ефектни крем копчиња и широки пантолони, во комбинација со едноставна бела кошула и салонки на Манаоло Бланик.Од друга страна, првата дама на Полска знаела дека ќе се сретне со модната икона, па добро се подготвила. За средбата, Агата избра интересен црно-бел фустан , со појас кој ја истакнува нејзината тенка половина. Со фустанот, таа обу удобни црни салонки со штикла на средна висина.