Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Модерен капут и прескапи патики: Бриџит Макрон во спортска комбинација
Првата дама на Франција, Бриџит Макрон изгради специфичен моден стил, па често можеме да ја видиме во модерни „војнички“ капути кои одлично и прилегаат.
Овојпат се одлучи за спортска комбинација со оглед на тоа дека присуствуваше на хуманитарен фудбалски натпревар. За оваа потполно минималистичка комбинација, доби само пофалби.
Бриџит избра бел капут со два реда копчиња, тесни фармерки и обична бела маица, а на нозете имаше тегет патики од нејзиниот омилен бренд Луј Витон.