(ФОТО) Модерни панталони кои ќе ги носиме ова лето наместо фармерки
Кога летните температури се високи и ние не се чувствуваме удобно во омилените фармерки, а здолништата веќе се досадни или не ви се допаѓаат, летните алтернативни опции доаѓаат како вистинско спасение.
Продавниците се полни со различни панталони, а има модели за сечиј вкус. Ви ги откриваме најголемите летни трендови за панталони.
1. Пастелни панталони
Нежен и романтичен стајлинг лесно може да се создаде со пастелни нијанси. Можете да почнете со панталони во благи розови, виолетови, зелени или сини нијанси кои изгледаат одлично со монохроматски или необични кошули. Додајте чевли со високи потпетици и зачинете со голема торба или шал.
2. Панталони со впечатливи дезени
Барајте светли панталони со сјајни бои со дезени од цвеќе, палми или ленти. Белата кошула совршено го балансира овој изглед. Кога станува збор за обувки, предлагаме избор на модерни влечки.
3. Панталони во јаки бои
И, се разбира, летото бара боја! Затоа, светло портокалова, црвена и зелена боја на панталони мора нужно да се вклопат во вашата гардероба. Можете да играте со материјали и текстури. Додадете едноставни сандали, сламени чанти и модерни очила за сонце - идеалниот изглед за секој ден е подготвен.