(ФОТО) Модна катастрофа: Кетрин Зета Џонс во најлошата комбинација до сега
Модните критичари велат дека ова е најлошата комбинација на Кетрин Зета Џонс до сега. Она е што е најлошо од сѐ , е тоа дека убавата актерка навистина се потрудила вака да изгледа.
Со оглед на нејзината стилска историја, ова издание е навистина изненадувачко. Таа е позната по парчињата кои се безвременска класика, а тоа подрзабира вечна елеганција. Ова издание, во кое актерката беше „уловена“ на аеродромот во Лос Анџелес е сѐ само не класично, а за елеганција не може ни да се зборува. Модните критичари велат дека не можат дури ни да ѝ го простат моментот дека облеката која ја избрала ѝ е комбинација за патување.
„ Да се прошеташе по тренерки, блузон, патики, хеланки, тоа ќе ни беше сосема во ред. Кетрин играла на картата на удобноста а во исто време се обидувала да си биде самата свој стлист. Најголемата утка ѝ е тоа што се обидувала да измеша различни принтови и материјали во сите можни нијанси. Неповрзаната целина најмногу се гледа со модните додатоци, а најлошо од сѐ се златните чизми“, велат критичарите.
На листата на критики се и шапката и очилата во зелени тонови. „Кетрин изгледа како да ги вадела од плакарот работите кои први ѝ дошле при рака“, пишува „Ел“.
Фото: Профимедиа