(ФОТО) МОДНА КАТАСТРОФА: Лејди Гага во скандалозно лош стајлинг

Добивај вести на Viber

Лејди Гага претходниве три месеци се појави буквално на сите значајни филмски фестивали и ја видовме во одлични изданија на црвениот килим. Затоа сите со нетрпение го очекуваа појавувањето на ѕвездата од филмскиот хит A star is born и на синоќешното доделувањето на наградите Daily Front Row Fashion Awards во Лос Анџелес. Сепак, наместо воодушевување, следуваше неверување.

Во кожен фустан на Rodarte со карнери и бела панделка Гага комлетно разочара. Шокантната комбинација ја заокружи со несоодветни обетки со срциња и преагресивна шминка, пишува Elle.

На славната пејачка и актерка не ѝ појде од рака во голем стил да им се врати на препознатливите екстравагантни стајлинзи и наместо полн погодок, беше модна катастрофа