(ФОТО) Мора да го имате: Хит комбинезонот на Северина

Добивај вести на Viber

Многумина би се согласиле дека хрватската пејачка Северина е една од најдобро облечените ѕвезди на нашите простори. Таа тоа го потврди и со својата нова емотивна фотографија на Инстаграм, каде позира со синот Александар.

Пејачката секогаш кога има настапи носи впечатливи бои и многу детали, но овојпат се одлучи за едноставна и лелеава модна комбинација.

Имено таа го дочека зајдисонцето во прекрасен светлосин комбинезон со широки ногавици и ракави кои нежно паѓаат преку рамената и суптилно отворен грб. Комбинезонот го искомбинира со ниски сандали во „nude“ нијаса.

Комбинезоните во нежна морска боја се совршен избор за летните денови и високите температури. Затоа инспирирани од Северина, пронајдовме еден сличен комбинезон од брендот Манго кој чини само 1990 денари.

Дали би го носеле на работа или пак на плажа, изборот е ваш.