Моден фокус // Трендови
(ФОТО) „Must have“ фустан: Кралицата Летиција во добитна, веќе видена комбинација
Шпанската кралица Летиција одамна е позната по тоа дека не и пречи повторно да облече некоја комбинација, доколу многу и се допаѓа.
Така за своето најново појавување, таа облече рециклиран фустан, во кој се појави неколку недели претходно. Станува збор за бел фустан со ефектен син принт во бохо стил со потпис на брендот „Сандро“.
И за оваа пригода, целокупниот изглед го потполни со сина чантичка и чевли со потпис на омилениот бренд „Магрит“.
Ваквиот миди фустан во бохо стил е „must have“ парче за оваа сезона, а тоа добро го знае и кралицата Летиција.