(ФОТО) Must-have парче за ова лето: Идеални кратки пантолони според вашиот облик на тело
Кратките пантолони се дефинитивно едно од задолжителните парчиња за летната сезона. Можат да се најдат во повеќе комбинации и да направат да изгледате модерно и шик.
Но сепак поголемиот дел од жените сметаат дека кратките пантолони не им стојат добро, па ви даваме пет совети со кои веднаш ќе го пронајдете вистинскиот пар за себе и ќе ја зголемите вашата самодоверба!
1. Ако имате детска градба, пробајте со широки кратки пантолони со набори
Идејата е да се создадат облини каде што немате, а најдобро ќе го постигнете тоа со избирање на ремени кои ќе дадат израз колковите и бутовите. Од друга страна, шорцевите ќе ги откријат вашите прекрасни тенки нозе.
2. Ако имате фигура на песочен часовник, шорцеви со висок струк, се за вас
Со оглед на тоа што вашите пропорции се практично идеални, се што ви треба е да го нагласите природниот облик на вашето тело. Мора да се нагласи вашата половината, а наједноставниот начин да го направите тоа се панталони со висок профил или некои детали околу половината.
3. Ако имате понагласен горен дел од телото, предлагаме искинати boyfriend фармерски шорцеви
Повеќето девојки од овој вид се благословени со добри нозе, и ако сте меѓу нив, тогаш сте совршен кандидат за тексас шорцеви.
4. Ако имате крушковидна фигура, изберете шорцеви во „А-форма“
Жените со тело во облик на круша, треба да изберат висок појас и материјал кој совршено ја одразува линијата на телото. Треба да ја најдете совршената рамнотежа.
5. Ако сте ниска, што пократко-тоа подобро
Илузијата на покажување повеќе, ќе ги издолжи вашите нозе. Но нека шорцевите не бидат претесни, бидејќи ќе изгледаат невкусно.