Моден фокус // Трендови
(ФОТО) На 50 години изгледа одлично: Сите гледаа во корсетот на Хелена Кристенсен
Една од најпознатите манекенки од деведесетите години, Хелена Кристенсен денес има 50 години и изгледа одлично. Таа се појави на забавата по повод 24. роденден на нејзината помлада колешка Џиџи Хадид.
Хелена на забавата привлече внимание со оригиналниот избор на облека. Облече фармерки во класична, сина боја и впечатлив горен дел- корсет од тантела кој го откри грбот и деколтето, и необични влечки.
Данската манекенка мамеше погледи со својата природна убавина и шарм, но и со сексапилниот стајлинг.
Фото: Профимедиа