(ФОТО) На детски роденден: Џенифер Лопез се соблече по градник пред сите
Алекс Родригез (44) беше домаќин на роденденската забава на отворено за да го прослави дванаесеттиот роденден на неговата ќерка Еле. Во оваа прилика, се сретнаа неговите две жени: поранешната сопруга Синтија Скуртис и сегашната свршеничка Џенифер Лопез (50).
Додека децата трчаа наоколу на тревата, јадејќи торта, Џенифер Лопез не можеше да им дозволи на фотографите да излезат со празни раце.
Веднаш штом забележала екипа на фотографи, кои го следат секој нејзин потег и движењата на поранешната сопруга на Алекс Родрикез, Џенифер отишла до средина на тревникот и го соблекла џемперот под која имала само скоро проѕирен, тантелен, градник во месо боја.
Синтија, стоејќи на неколку метри од Џенифер, гледала
во свршеничката на нејзиниот поранешен сопруг со зачуден израз.
Откако го забележал скандалот во најава, Родригез
се приближил до вереничката и се дружел со неа додека таа се сонча на тревата
во градник и шорцеви.
Патем, Родригез и Лопез во неколку наврати
апелираа до граѓаните да останат дома, додека со оваа забава сами се
демантираа.
Нивните обожаватели и следбеници на социјалните
мрежи го осудија нивното однесување.
Патем, Алекс Родригез деновиве призна дека
планираната свадба со Џенифер Лопез е одложена поради појавата на корнавирусот.
Фото:Profimedia