Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Најбараниот капут за оваа есенска сезона: Моден погодок
Признаваме дека летото има шарм, но есента дефинитивно ја носи титулата најмодерна сезона.
Поладното време ни дава знак, не само да се облекуваме послоевито, туку и да комбинираме различни модели, стилови, јакни, палта, дезени. Минатата година ја обележаа „oversized“ капутите, а овогодинешниот акцент ќе биде на белиот минималистички капут кој стана едно од најдобро продаваните парчиња оваа сезона.
Овој капут совршено се вклопува во секоја есенска, но и зимска комбинација.
Ако сакате да дадете впечаток на девојка од стил и да имате парче кое ќе се носи повеќе сезони, вложете пари во купување на ваков капут.