(ФОТО) Најголемиот моден хит за оваа есен можете да го имате и вие
Минатата година беа на сите писти, а сега ги има во сите продавници. Како што обично бива во светот на модата, прво одредено парче се појавува на ревиите, потоа најважните трендсетерки ќе се прошетаат во него и потоа станува општ моден хит.
Таа традиција во модниот свет останува и во сезоната што следи. Она што ќе биде вистински хит оваа есен се каубојските чизми.
Кратки, долги, во многу бои и комбинации, форми... Ваше е само да ги изберете оние кои ќе ви бидат најпривлечни. Една од најголемите предности на каубојските чизми е што можат да се носат практично во текот на целата година.
Оние над глужд изгледаат одлично во комбинација со тексас сукња и со топ во текот на летото.
На почетокот од есента, истата комбинација ќе биде во тренд со голем џемпер.
Без оглед што љубителите на модата не сакаат да го носат она што го носат сите, каубојските чизми ќе станат униформа во текот на есента и по неа.
Овој модел на чизми се продава во „Манго“ за 7192 денари
Каубојските чизми во повеќе модели и бои се веќе достапни и кај нас. Ако сакате да го следните овој тренд, можете да ги набавите во продавниците на „Фешн груп“.
Извор: Elle.rs